Димовски: И Заев и Тумбовски не го сакаат ВМРО-ДПМНЕ
На лидерот на СДСМ Зоран Заев и на наводниот донатор Загорец Тумбовски заедничко им е што не го сакаат ВМРО-ДПМНЕ, вели директорот на Центарот за комуникации на владејачката партија Илија Димовски.
„Заев и Тумбовски би биле најсреќни кога не би се бркале криминалците и кога тие двајца би можеле да работат како што работеле претходно, а да не одговараат за тоа. Дузина осудени, гонети и аболицирани за тешки криминали од повеќе милиони евра се здружиле и монтираат фалсификат“, обвини Димовски.
Тој побара уште еднаш од Заев да објасни кој го фалсификувал документот, каква соработка имале со Тумбовски и дали СДСМ за возврат му ветил помилување на Загорец, кој е осуден на казна затвор од шест години.
„СДСМ монтира, лаже, фалсификува и бега, но овие лаги веќе не поминуваат кај народот, кој знае да направи разлика и да препознае кој работи чесно и макотрпно, а кој сака со лаги и фалсификати да се приграби до власта“, посочи Димовски.
Според обвинувањата на СДСМ, Тумбовски во кеш донирал 80.000 евра за ВМРО-ДПМНЕ, а тие пари ги нема во финансиските извештаи на партијата.
Слично
