Димовски: ЕУ позитивно го оцени напредокот во земјоделството
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, изјави дека препораките и квалификациите во извешатјот од Европската унија во делот за земјоделството, ќе дадат поттик за уште поагресивно спроведување на владините мерки и политики.
- Во извештајот се акцентира алоцирањето на зголемените финансиски средства за директна поддршка, напредокот во органскотото производство, безбедноста на храна и ветеринарната политика, воведување на законодавството за пазарните стандарди, барањата за обележување и етикеирање, како и во поставувањето на Интегрираниот систем за администрација и контрола на мерките на директни плаќања со воспоставувањето на Системот за идентификација на земјишни парцели. Забелешки има, но тие, се однесуваат главно на недоволниот институционален капацитет. Владата прави напори да ги пресретне овие потешкотии преку вработување стручни лица особено во Платежната агенција или преку евентуално прераспоредување на расположливите кадри, изјави министерот Димовски
Слично
