Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димовски е разочаран од разговорите со владините претставници кои немале одговор за зголемување на платите за 2.806 денари

Димовски е разочаран од разговорите со владините претставници кои немале одговор за зголемување на платите за 2.806 денари

Претседателот на ССМ Дарко Димовски вели дека нема договор со Владата за повисоки плати, а ССМ ќе организира генерален штрајк. 

Тој е разочаран од разговорите со владините претставници, кои немале одговор за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари.

„Бараме итно зголемување на платите. Ценовните шокови и двоцифрената инфлација ни даваат право да бараме усогласување на платите веднаш, бидејќи веќе не се издржува“, рече Димовски. 

ССМ не се согласува ниту со најновите Предлог-законски измени со кои се предлага недела да биде работен ден во туристичките места.

Деновиве имаме поскапување на горивата и храната, а се очекува и поскапување на струјата. Инфлацијата го „изеде“ претходното зголемување на платите. ССМ бара да не се уназадуваат работничките права во земјава. 

Слично

Поврзани вести