Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димовски: Дали Заев лично го фалсификувал документот со партискиот печат на ВМРО-ДПМНЕ?

Димовски: Дали Заев лично го фалсификувал документот со партискиот печат на ВМРО-ДПМНЕ?
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ нагласува дека вчера презентираниот документ од лидерот на опозицијата Зоран Заев за донација од 80.000 евра во партиската каса е фалсификат, а за тоа постојат и докази. „Еве го изгледот на печатот кој стои на документот кој го презентираше Заев. Тој не е валиден печат уште од 2004 година. Во Статутот на ВМРО-ДПМНЕ кој е доставен до Oсновниот суд Скопје 1 на 15.10.2004 година и кој е потврден од страна на Основниот суд со Решение од 02.11.2004 година, јасно и недвосмислено, во член 5 и член 6 е опишан новиот печат на партијата кој е многу различен од претходниот. Еве го и новиот печат, оној од 2004 година па до денес, видливо, за да може граѓаните да ја видат разликата. Значи, ВМРО-ДПМНЕ не го користи стариот печат и тој е неважечки и според одлуките на судот уште во 2004 година, бидејќи тој печат во време на расколот во партијата исчезна. Сепак на овој документ кој го презентираше СДСМ стои датум од 2006 година, цели две години после промена на печатот што самиот документ го прави фалсификат. Дополнително на тој документ стои измислен потпис. Јасно е како бел ден дека станува збор за фалсификуван документ“, вели Димовски. Тој упати и неколку прашања до лидерот на СДСМ. „Дали тој лично го фалсификувал овој документ или документот го фалсификувале заедно со споменатиот осуден на 6 години затвор од страна на Врховниот суд, токму за фалсификување на документи, Загорец Тумбовски? Знаејќи го фактот дека Тумбовски Загорец е во бегство заради пресуда од Врховен суд за казна затвор од 6 години, го прашуваме Заев каде се крие осудениот, ако заедно со него го правеле фалсификатот или ако тој му дал ваков фалсификуван документ? Каква соработка има Зоран Заев со осудениот за фалсификување, даночно затајување и перење пари, Загорец Тумбовски? Како Заев се дрзна да презентира фалсификуван документ со неважечки печат и со измислен потпис? Дали Зоран Заев или неговата фамилија имаат или имале бизнис соработка со осудениот Загорец Тумбовски?“, праша Димовски.    
Слично

Поврзани вести