Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димовски бара извинување од Јанева за навреда на државата

Димовски бара извинување од Јанева за навреда на државата
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и пратениците од коалицијата,  денеска најостро ја осудија вчерашната изјава на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева и побараа од неа да се извини. Сметаат дека со оспорување на легитимитетот на пратениците и државните органи, ја навредила државата, народот и институциите. Од ВМРО-ДПМНЕ бараат сите политички партии да се оградат и исто така да ја осудат нејзината изјава. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски кажа дека изјавата на Јанева била политичка и со неа го руши и суверенитетот на земјата. „Изјавата на Јанева е многу опасна и сериозно штетна за државноста. Според таа изјава значи Македонија нема институции, претседател, Собрание, Влада, Уставен суд. Значи дека оваа држава не постои. Оваа изјава е обид за демонтажа на Република Македонија“-вели тој. Димовски ја повика Јанева да дојде на седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, а и на пленарна седница да го образложи извештајот, со што ќе има можност да се извини за дадената изјава.  
Слично

Поврзани вести