Димитрова: Со „Шарената револуција“ сум на улица и се борам против едноумието
На протестот пред Владата вечерва говореше Ратка Димитрова, пратеничка и коорднинаторка на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во првиот состав на Собранието на Република Македонија.
„Тогаш влегов во Собранието за да се борам против едноумието. Сега со „Шарената револуција“ сум на улица и се борам против истото. Денеска е годишната од 17 мај, ден кога народот ја крена главата, разнолик, но обединет во духот на правдата“ - кажа Димитрова.
На протестот учесниците носеа транспаренти на кои пишува „Нема да дозволиме избори без избор“. Официјално вечерва се приклучи и ЛГБТ заедницата.
Обоени беа Собранието, Порта Македонија и Владата. Настанот пред Владата завршува со музика со бендот на Петрит Сарачини.
Нови протести се најавени за утре во 18 часот пред СЈО.
