Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитрова: Енергетската состојба во Македонија не е на завидно ниво

Димитрова: Енергетската состојба во Македонија не е на завидно ниво
преку реализација на истоимениот проект што го реализира здружението МАЦЕФ се очекува зголемување на учеството на населението во енергетска ефикасност и обновливите извори на енергија во регионот на Југозападна Македонија и околу Корча. Проектот „Зголемување на енергетска ефикасност и искористување на обновливите извори на енергија во меѓуграничниот регион“ (ИРЕЦо), почна да се реализира од септември годинава и треба да трае една година, a е финансиран од третиот повик од ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија. Лидерот на проектот Јасминка Димитрова – Капац на денешната презентација во Охрид оцени дека енергетската состојба во Македонија и во Алабнија не е на завидно ниво. - Само 55 отсто од вкупното производство на енергија се задоволува од домашни извори, а 45 проценти од вкупните потреби за енергија ги увезуваме. Сто проценти увезуваме нафта и нафтени деривати, потоа природен гас, како и квалитетни јаглени, рече Димитрова – Капац. Преку овој проект, појасни таа, ќе се изработи студија за потенцијалот на обновливи извори на енергија во југозападна Македонија и регинот околу Корча и ќе се спроведе кампања за подигање на јавната свест за користење обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност. - Целни групи се малите и средни претпријатија, корисници на јавни обвјекти, јавна администрација и сите жители во двата региони, истакна лидерто на проектот, појаснувајќи дека со негова реализација се очекува подобрување на животните и работните услови за сметка на енергетската сиромаштија, намалување на загадување, промоција за искористување на обновливи извори на енергија и заштита на природните ресурси. За Мерита Ламлари од Албанскиот центар за енергетска ефикасност, проектот значи утврдување и зголемување на заедничкото искуство стекнато во развивање со други програми што ќе го пренесат во заедничка реализација.
Слично

Поврзани вести