Димитров: Програмата „Еразмус плус“ нуди огромни можности за професионален развој
Во интервју за емагазин директорот на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност М-р Дарко Димитров раскажува за бенефитите кои ги нуди Програмата „Еразмус плус“ и можностите за професионален развој.
Димитров вели дека програмата нуди огромни можности за приватен и професионален развој на вклучените лица, стратешко јакнење на вклучените институции, но и модернизација на целокупниот образовен систем.
„Сето ова се реализира преку унапредување на вештините и знаењата, нивно препознавање на европско ниво и полесен пристап до пазарот на трудот на учесниците активно вклучени во процесот на имплементација. Компетитивноста на студентите, учениците, како и кадрите од нашите институции се збогатува и европското образовно искуство станува знак за квалитет. Се подобрува наставата и, следствено, излезите од учењето стануваат поразновидни, квалитетот на образованието се приближува кон европските стандарди. Образовните институтуции се стекнуваат со компарабилни вештини, учат нови практики и применуваат нови методи во секојдневната работа. Очекувано и во согласност со националните приоритети, голем дел од одобрените проекти го таргетираат токму прашањето на поголема вработливост на невработените преку организирање разни обуки, креирање нови модули и наставни планови во соработка со партнерски институции од ЕУ. Воедно, во дел од грантираните проекти активно се вклучени и неколку компании од Република Македонија кои придонесуваат кон вклучувањето на бизнис секторот во имплементацијата на проектните активности.
Прочитајте го целото интервју на овој линк.
