Димитров: Да гледаме напред, да размислиме каква Македонија сакаме
Не е доволно да си ја повлечеш таа аболиција, па уште на рати, изјави вечерва Никола Димитров поранешен заменик-министер за надворешни работи и поранешен амбасадор на Македонија во САД на протест пред Владата.
Ги праша демонстрантите дали сакаат да има слуги или да има граѓани.
„Знаете зошто странците помагаат? Заради вас. Јас ги прашав, добро ќе не оставите ли да пропадне, да стане земја каде нема правда, они велат ние не можеме да ја сакаме Македонија повеќе од вас. Каде сте? Еве сме. Претседател на срамот. Изгледа ни требаше ваков бокс, да се разбудиме, да гледаме напред да размислиме каква Македонија сакаме. Сакаме да има ред и закон, или сакаме неправда и криминал?“-рече тој.
За Ѓорѓе Иванов праша дали е претседател на Македонија или претседател на криминалот?
За него додава дека не тресна од земја како нација и направи историски скандал како што не сме имале од 1991 година. Димитров оцени дека тој целата политичка класа сакаше да ја направи недопирлива.
