Димитров: Македонските колеги од историската комисија не сакаат да нагласат дека Охридската архиепископија е продолжение на бугарската патријаршија
Ангел Димитров, претседателот на бугарските историчари од заедничката комисија, во својот последен коментар за тоа дека ова тело што произлезе од Договорот за добрососедство воопшто не дава никакви резултати и дека Македонија треба да нагласи дека Охридската архиепископија била продолжение на работата на Бугарската патријаршија.
„И претходниот состав на комисијата се фокусираше на Охридската архиепископија како тема на
професионални дискусии. Главната работа што ја сакаат нашите колеги е да не се навестува ни
најмалку дека таа е продолжение на Бугарската патријаршија, дека постои овој континуитет, оваа
историска врска. Постои некаков континуум помеѓу институцијата и претходната институција –
Патријаршијата на бугарската држава. Иако ова е многу јасно наведено со самите одлуки на
царот Василиј II. Главната причина за блокирање на работата на комисијата е неподготвеноста на
нашите колеги, во овој случај тие целосно ја следат политичката линија на државата и
доктрината за Македонизмот, а да не зборуваме за заедничќка историја“ вели Димитров.
Тој подвлече дека нема никакво напредок во работењето на историската комисија особено со доаѓањето на новата власт во Македонија.
„Гледајте, би можел да кажам дека ова е блокада на работата на комисијата, но ќе употребам
повнимателен израз, ќе кажам дека тоа е стагнација, застој, и го користам затоа што ова е и
целокупната состојба на земјата таму. Нешто што беше наведено во извештајот од Брисел и
нешто што воопшто не го загрижува државното раководство таму. Ова е нешто како алиби во
сегашните многу комплицирани односи меѓу нашите две земји, бидејќи формалната активност на
комисијата сугерира дека сè уште постои желба да се работи. И морам да нагласам дека ова е
единствената комисија што работи, создадена според Договорот за пријателство и
добрососедство и единствената форма на негово спроведување. Но, бидејќи нема резултати,
тогаш можеме да размислиме каков е ставот кон самиот договор.“ , смета Димитров.
