Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитриев убедува дека ДИК е спремна да го прочисти Избирачкиот список

Димитриев убедува дека ДИК е спремна да го прочисти Избирачкиот список

По средбата со членовите на Државната изборна комисија, техничкиот премиер Емил Димитриев вели дека веќе се направени сериозни подготовки за прочистување на Избирачкиот список.

Тој смета дека ДИК ќе може да почни со работа, откако партиите ќе се согласат за методологијата за пречистувањето.

Димитриев рече дека  нема чувство дека сега и како премиер, повторно е во сенка на Никола Груевски.

„Мојата главна задача како премиер е да се организираат фер и демократски избори. Имам интензивни контакти со надлежните органи за изборите и немам чувство дека не сум присустен во јавноста” - рече техничкиот премиер.

Премиерот најави дека разговорите со ДИК поврзани со прашања со Комисијата и организацијата на изборите, во форма на заклучоци ќе се најдат на следната владина седница.

Слично

Поврзани вести