Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитриев убеден-Сите услови за одржување на изборите се исполнети

Димитриев убеден-Сите услови за одржување на изборите се исполнети

Апосолутна убеденост искажа премиерот задолжен за спроведување на изборите  Емил Димитриев во исполнувањето на условите за одржување  на изборите на 5 јуни.

Димитриев посочува дека Владата направила се што е во нејзина моќ за се постигне токму тоа.

„Владата направи се максимум да им помогне на институциите кои се одговорни за организирање на изборите. - Тука првенствено мислам на нашата соработка со Државната изборна комисија (ДИК). ДИК од своја страна сработи се што требаше да биде сработено во делот на прочистување на Избирачкиот список и во делот на носење на Роковникот кој понатака ќе ги определува активностите врзани за изборите“, вели Димитриев.

Тој денеска беше во посета на касарната Илинден во Скопје, каде положи цвеќе на Споменикот на загинатите припадници на полкот за специјални операции на АРМ кај Вејце.

Слично

Поврзани вести