Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитриев: Се обратија и неколку соседни земји за помош

Димитриев: Се обратија и неколку соседни земји за помош

Премиерот Емил Димитриев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски поради синоќешното невреме ги прекинаа годишните одмори и се во посета на најпогодените места од поплавите во Скопје.

Димитриев истакна дека дел од соседните земји се понудиле да помогнат доколку е потребно.

„Заклучивме да направиме листа на сите потребни артикли веднаш. За таа цел на владина седница формиравме заедничка комисија на министерствата за одбрана, внатрешни работи и труд и социјала, како и Црвениот крст. Се обратија и неколку соседни земји за помош“ - Димитриев.

Груевски побара да се реагира што поскоро за обезбедување повеќе пакети помош за поплавените семејства.

Министрите за здравство и за труд и социјална политика, Никола Тодоров и Диме Спасов информираа за помошта што им се доставува на жителите во Стајковци, Економија, Инџиково, Сингелиќ и другите критични точки.

Повеќе политички претставници денеска ги посетија граѓаните кои претрпеа штети, но и изгубија блиски во поплавите синоќа.

Слично

Поврзани вести