Димитриев најавува инвестициски бум во истокот
Премиерот Емил Димитриев во владата задолжена за организирање на изборите најавува инвестициски бум во истокот.
Со 1,8 милиони евра се најавува изградба на културен дом, дневен центар за деца со посебни потреби, изградба на локалниот пат од село Саса до Мечкарска Маала, патните правци Дулица, Цера, Моштица и Саса, како и поголем број улици во централното градско подрачје.
Димитриев денеска е во посета на Македонска Каменица каде ќе присуствува на одбележувањето на 10-годишниот јубилеј од рестартирањето и 50 години од отворањето на рудникот „Саса“ од овој град.
Исто така е најавен и проектот за обнова на регионалниот пат Кочани – Македонска Каменица – Делчево во должина од 31 километар. Според надлежните таму се инвестирани шест милиони евра.
