Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитриев: Миновски е компетентен да ја извршува функцијата министер за финансии

Димитриев: Миновски е компетентен да ја извршува функцијата министер за финансии

Премиерот Емил Димитриев за новиот министер за финансии, Кирил Миновски вели дека е личност која со својата компетентност, едуцираност и богато искуство има соодветен капацитет да ја извршува оваа значајна и одговорна функција.

„Тој во текот на своето 17 годишно професионално искуство има работено на голем број различни позиции, како во приватниот така и во јавниот сектор. Во текот на својата професионална кариера во многу наврати бил директно вклучен во реализација на поголем број проекти од областа на фиансиите, платниот и банкарскиот систем, подобрување на конкурентноста на малите и средни компании. Исто така бил ангажиран и од Светска банка што дава квалитет на неговото портфолио “ - кажа Димитриев.

Миновски извршуваше и две исклучително значајни позиции во Државниот пазарен инспекторат, а потоа и во УЈП.

Тој ќе го замени Зоран Ставрески, кој поднесе оставка од здравствени причини.

Слично

Поврзани вести