Димитриев: Да се вложат напори за да се постигне договор во август
Премиерот Емил Димитрев се надева дека ќе се вложат сите напори за да се постигне договор во август меѓу партиите.
Димитриев вели дека земјите членки и институциите на ЕУ ја следат политичката состојба во Македонија и добро се запознаени со сите сегменти на политичката криза.
Тој додаде дека солидна имплементација на последно постигнатиот договор, вклучително и на Пржинскиот договор ќе биде клучен фактор за подобрување на перцепцијата за Македонија.
„Доколку сите овие работи се одвиваат во еден синхронизиран процес на имплементација. Ако на крајот од овој месец има договор за одржување на изборите, за што верувам дека сите предуслови ќе бидат исполнети, и доколку има напредок во спроведувањето на итните реформски приоритети, тоа ќе значи рестартирање на позитивната динамика и напредок на државата. Тогаш и ЕК ќе има полесна задача во драфтирањето на препораката. Пораката е , затоа што тоа ќе биде од клучно значење за понатамошниот развој на односите помеѓу ЕУ и РМ. Македонија мора да оди напред, граѓаните ги интересираат проекти и работа“ - рече Димитриев.
Членството во НАТО и евроинтеграцијата остануваат врвен приоритет, изјави денеска премиерот Емил Димитриев во своето обраќање пред амбасадорите во рамки на редовниот работен состанок на шефовите на Дипломатско-конзуларните претставништва, што до 26 август се одржува во Министерството за надворешни работи.
Напредокот е нешто што е наша обврска и ние како Влада ги вложуваме сите ресурси и сите напори да го оствариме, кажа Димитриев во своето обраќање.
