Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитриев: Aко нема избори, Груевски треба да се врати

Димитриев: Aко нема избори, Груевски треба да се врати

Техничкиот премиер Емил Димитриев денеска излезе со став дека ако нема избори на 24 април, тогаш неговата влада го губи легитимитетот и во тој случај треба да се врати владата на Никола Груевски.

„Техничката влада на подолг временски рок е неодржливо решение, не само во поглед на квалитетот на нејзиниот легитимитет, кој природно е да извира од граѓаните, туку и во поглед на спроведувањето на политиките. Актуелната техничка влада е со ограничени перформанси, што е сериозен хендикеп во поглед на спроведувањето на политиките, реформите и на мерките значајни за државата и очекувани од граѓаните, нo и во поглед на извршувањето на нејзината основна функција за организирање на претстојните избори, имајќи го предвид самиот факт што дел од актуелните министри што доаѓаат од опозицијата имаат нарушени човечки и професионални односи со преостанатите, видливи и поинакви приоритети, но и тоа што позицијата евидентно ја користат за исполнување на партиски агенди и директиви. Истовремено, тоа резултира и со поднесување на повеќе кривични пријави, што, секако, ги отежнува околностите под кои функционира оваа Влада“, напиша Димитриев настатус на Фејсбук.

 
Слично

Поврзани вести