Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА: Владата го усвои Предлог-буџетот за 2025 година со кој ги поставуваме темелите за стабилизација на јавните финансии

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА: Владата го усвои Предлог-буџетот за 2025 година со кој ги поставуваме темелите за стабилизација на јавните финансии

Владата денеска го усвои Предлог-буџетот за 2025 година.  Тој предвидува раст од 3,7 отсто. 

Инфлација ќе изнесува 2,2 отсто. Владата се очекува да го испрати Предлог-буџетот до Собранието.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека буџетскиот дефицит ќе се стабилизира на 4 отсто од Бруто домашниот производ. Расходите се планирани на 6,5 милијарди евра, што е раст за 10 отсто, а приходите ќе се зголемат за 13 отсто на 5,82 милијарди евра.

За капитални инвестиции планирани се рекордни 823 милиони евра. 

„Владата на седница денеска го усвои Предлог-буџетот за 2025 година со кој ги поставуваме темелите за стабилизација на јавните финансии и економски раст“, вели министерката. 

Додаде дека буџетот ќе донесе развој на државата. 

Слично

Поврзани вести