Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Според информација која се појави вчера, државата се задолжува со краткорочен кредит кај домашна банкa во вредност од 30 милиони евра. 

„Нема задолжување надвор од предвидените за годинава“, тврди министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска.

Министерката објаснува дека задолжувањето се движи во рамки на она што било утврдено со Буџетот за 2025 година и дека државата веќе ги анализира пазарите за следната година и се прават планови за задолжување преку еврообврзница, но и други извори за да се покриjaт стари долгови, но и минусот во буџетот. Вели дека државата не доцни ниту со враќањето на ДДВ кон компаниите.

Според неа, воведувањето е-фактура ќе го реши овој проблем, ќе го модернизира процесот и ќе ги намали злоупотребите, додавајќи дека доколку системите биле надградувани навреме, денес немало да се зборува за доцнења во повратот на ДДВ.

Таа уверува дека Буџетот е во одлична кондиција и дека нема никаков проблем со ликвидноста. Проблемот со доцнењето на исплатата на Мој ДДВ кон граѓаните вели е технички.

фото Фејсбук/Гордана Димитриеска-Кочоска

Слично

Поврзани вести