Димитриеска Кочоска: Најголемиот американски пензиски фонд инвестираше во еврообврзницата од милијарда евра
Министерството зафинансии издаде еврообврзница со две транши од по 500 милиони евра – со рок од 4 години и со рок од 8 години. Каматните стапки за двете транши изнесуваат: 3,875 отсто за траншата со рок на достасување од 4 години и 4,750 отсто за траншата со рок на достасување од 8 години.
- Ова се историски нанјиски маргини кои Министерството за финансии успеа да ги постигне. Во услови кога процентуално имаме најголем износ на јавен долг во однос на БДП, извојувавме и добивме најдобри резултати, речеминистерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на денешната прес-конференција.
Таа рече дека три месеци со инвеститорите онтензивно се преговарало и детално се одговарало на нивните прашања за економската состојба во земјата и за идните планови
- За прв пат добивме инвеститори кои никогаш претходно не инвестирале во македонска еврообврзница и меѓу нив имаше и пензиски фондови кои еврообрзниците ќе ги чуваат до доспевање.Штом пензиски фондови, кои се многу внимателни, одлучиле да инвестираат, тоа е позитивен сигнал.Таков еден е и најголемиот пензиски фонд во САД, но не би споменувала имиња за да не навлегуваме во такви дискусии. Горда сум што успеавме да привлечеме и такви инвеститори. Тоа покажува дека состојбата во државата се менува и тие во нас гледаат позитивна енергија,додаде министерката.
Таа наведе и дека едната половина од еврообврзница од 500 милиони евра е долгорочна на осум години за некој нејзин наследник во иднина да нема потешкотии со враќањето на обврските.
