Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитриеска Кочоска: Треба да се радуваме што се задолжуваме со помали каматни стапки

Димитриеска Кочоска:  Треба да се радуваме што се задолжуваме со помали каматни стапки

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во гостувањето кај телевизија Телма се осврна и на критиките поврзани со задолжувањето и меѓународното финансирање, посочувајќи дека земјата обезбедува поповолни услови од некои држави кои веќе преговараат за членство во Европската Унија.

„Наместо да се радуваме што државата обезбедува пониски каматни стапки од некои земји кои активно преговараат со Европската Унија и што сме меѓу првите кои ја реализираат реформската агенда, постојано се отвораат теми кои го дефокусираат вниманието. Бројките се јасни и транспарентни и нема што да се крие“, порача Димитриеска Кочоска.

Министерката најави дека ребалансот на Буџетот најверојатно ќе биде усвоен следната недела, при што не се очекуваат намалувања на капиталните расходи, туку можни прераспределби во рамките на веќе планираните средства.

Слично

Поврзани вести