Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитриеска Кочоска: Цените на нафтата останаа стабилни и затоа не наплативме доволно акциза

Димитриеска Кочоска:  Цените на нафтата останаа стабилни и затоа не наплативме доволно акциза

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање, како една од причините за собраните само 92-93 отсто на приходната страна од буџетот во 2025, меѓудругото, ја наведе и послабата наплата на акцизите.

Според министерката, цената на нафтата и нафтените деривати останала стабилна во 2025, односно немало поскапување на горивата, па од таму, немало ниту поголем зафат од делот на акцизата.

- Акцизите се послабо нешто што не е напатено, но и не изненадува. Еве, кој можеше да предвиди дека по ова што се случува во Венецуела, цените на нафтата ќе останат ниски. Гледате дека цената на нафтата цела година е на ниско ниво. После введувањето на царините од САД, очекувавме дека ќе има нагорно движење на цената на нафтата. И од тука беа очекувањата дека ќе имаме повисоки акцизи. Гледате дека во текот на целата година износот на цената на нафтата е ниска,  изјави таа.

Според Димитриеска Кочоска, акцизите се едни од најтешките за проектирање во годишниот буџет.

Слично

Поврзани вести