Димитриеска- Кочоска најавува ревидирање на даночењето на недвижниот имот
Министерката за финансии Гордана Димитриеска- Кочоска најавува ревидирање на проценувањето на вредноста на недвижниот имот, на чија основа би се зголемило и оданочувањето.
Ова ќе се прави согласно зголемените цени на недвижнините во последниот период и објективната вредност на овој тип на имот. Ова министерката го најави во соопштението од 9-тата Меѓународна конференција Влијанието на геополитичките промени и вооружените конфликти врз процесот на проценување што во организација на Комората на проценувачи на Република Македонија се одржува денеска во Охрид
„Министерката Димитриеска- Кочоска пред присутните, воедно посочи дека веќе e отпочнат процес на ревидирање на постоечката Методологијата за проценка на вредност на недвижниот имот, во насока на попрецизна регулација за даночни цели“, стои во дел од соопштението испратено од Министерството за финансии.
