Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитар Петрoв останува претседател на регулаторната комисија за енергетика

Димитар Петрoв останува претседател на регулаторната комисија за енергетика
Со 56 гласови за и 39 против, Собранието не ја прифати интерпелацијата за работењето  првиот човек на регулаторната комисија за енергетика, Димитар Петров поднесена од страна на опозицијата. Ова значи дека Димитар Петров останува на претседателската фунцкија на регулаторната комисија за енергетика. За време на целодневната расправа која заврши денеска точно на полноќ, власта и опозицијата најмногу се расправаа за поскапувањето на струјата. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Димитар Петров тврдеше дека сите одлуки на регулаторите биле транспарентни и се должат на правилниците и Законот за енергетика, произлезени од договорите за усогласување со Европската Унија.
Слично

Поврзани вести