Економија, финансии, бизнис

Контакт

Диме Спасов: Институциите не затаија во случајот со трикратното убиство во Злетово

Диме Спасов: Институциите не затаија во случајот со трикратното убиство во Злетово
Центарот за социјални работи во Пробиштип ги презел сите мерки во негова надлежност согласно законот во случајот со трикратното убиство во Злетово, утврдила инспекцијата и Заводот за социјални дејности. Според министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, против сторителот на убиството биле покренати кривични пријави за семејно насилство. Но, неофицијално, жртвата не дала согласност за спроведување на мерките за заштита од страна на социјалните служби. „Центарот за социјални работи покренува постапка пред надлежен суд за изрекување привремени мерки за заштита само доколку постои согласност од страна на жртвата на семејно насилство, а се покрене судска постапка за изрекување вакви мерки“, појаснува Спасов. Тој побара опозицијата да не го користи грозоморниот чин во Злетово за политичко профитирање.  
Слично

Поврзани вести