ДИЛЕМИ: Светска Банка сакала да ја финансира гасификацијата, но Владата се одлучила за деловни банки?!
Владата ќе се задолжува 90 милиони евра кај Дојче Банк и Ерсет банк, за гасификација, и покрај тоа што Светска банка покажала интерес за финансирање на истиот проект што се однесува на делниицте од Штип- Неготино-Битола и Скопје-Тетово-Гостивар.
Ова ја отвора дилемата, зошто Владата одлучила да се задолжува кај комерцијалните банки, и дали преку Светска банка, не можело да се обезбедат подобри услови и поефтин кредит, од оној што сега ќе се зема од Дојче банк и Ерсе банк.
Интересно е дека за кредит што планира да го позајми од комерцијалните банки, Владата си оставила простор, дел од парите во исклучитени случаи да ги користи за буџетска поддршка.
Документот до кој дојде „Фактор“ преку извори во ресорните министерства, ја покажува заинтерсираноста на Светска банка да го финансира проектот „Гасификација за делниците Штип-Неготино-Битола и Скопје -Тетово-Гостивар.“ Писмото од Светска банка, упатено до министерот за финансии Зоран Ставрески е испратено на 11 јуни годинава, а потпишано од Горан Тијаниќ.
[caption id="attachment_179874" align="aligncenter" width="614"]
Дописот од Светска Банка е пратен во јуни 2015 та година[/caption]
Но, само еден месец подоцна, Владата сепак одлучила да се задолжи кај комерцијалните банки 90 милиони евра, и при тоа оставен е простор, во исклучителен случај, дел од кредитот да може да се користи за буџетска подршка.
Во дописот е наведено дека оценките на Министерството за финансии биле дека на краток рок, главниот двигател на побарувачката на гас по двете делници се очекува да биде индустрискиот сектор, особено во индустриите што во моментот користат лигнит и мазут во нивните производствени процеси, како и фабриката за Неготино. На среден рок, како ќе се развива дистрибуцијата на гасоводните мрежи за станбени и комерцијални објекти, се очекува да дојде до зголемување на побарувачката на гас. Понатаму, се потенцира дека должно внимание треба да се утврди на одржливост на овие гасоводни делици.
[caption id="attachment_179875" align="aligncenter" width="614"]
И покрај јасно изразената волја на Светска Банка да го финансира проектот, бизнисот го добија две деловни европски банки![/caption]
Но, Светска банка посочува дека има значаен јаз меѓу проценетите трошоци на владата и на ЕБОР, поради што е догорено заеднички тимови да направат детален преглед за трошоците за проектот.
Но, за да го подржи проект од Свестка банка побарале повеќе истражувања кои со кои ќе се оцену економската оправданост.
„ Потврда за потенцијалот на побарувачка на гас, особено од индустриските корисници кои би можеле да се поврзат на гасоводите, ќе биде од клучно значење за утврдување на економската оправданост на проектот. Беше договорено дека детален преглед на побарувачката, со приоритетен фокус на индустриска побарувачка, како и станбени и комерцијални објекти по должината на предложениот два дела, ќе бидат превземени како дел од подготовката на проектот“, стои во дописот од Светска банка упатен до Министерството за финансии.
Покрај тоа, од Свестка банка, во дописот објаснуваат дека Владата планира и ТЕЦ Неготино да работи на гас, но изразуваат загриженост и бараат гаранции дека откако ќе се направи да работи на гас, централа во Неготино ќе се користи.
Но, од Светска банка посочуваат и дека во случај реалните бројки за побарувачката на гас значително да паднат зад прогнозите дефинирани во времето на одобрување на проектот од страна на банките, владата ќе треба да воведе стимулации за зголемување на конкурентноста на гас и да се поддржи нивната побарувачка во земјата во моментот кога предложените две гасоводни траси ќе се стават во функција. БПри тоа од Светска банка посочуваат дека ќе ја поддржат Владата во оценувањето на таквите можни стимулативни мерки за време на подготовката на проектот.
Р.Ф.

Слично