ДИЛЕМИ: Дали Чавков имал законско право да ги разреши истражителите на СЈО?
Разрешувањето на двајцата истражители на Специјалното јавно обвинителство покренаа дилеми во јавноста, дали при нивната смена министерот за внатрешни работи Митко Чавков постапил законски.
Се работи за првиот човек на Алфите, Примислав Димовски и началникот на СВР СКопје ЛАзе Велковски кои се ангажирани од јавен обвинител, а законот за кривична постапка вели дека секој службеник кој е ангажиран од јавен обвинител не смее да биде прераспределен на друго работно место.
Според многумина Чавков го повредил законот кој изрично забранува разрешување и распоредување на друго работно место на истражител назначен со наредба на јавен обвинител и сега се соочува со кривична одговорност.
Од СЈО велат дека не барале промена на нивните истражители, и дека двајцата остануваат да работат на предметите на СЈО, од оваа институција засега се без коментар за смената.
Смената министерот Чавков на местото на Димовски го врати претходниот шеф на “алфите“, аболираниот Ивица Анчевски – Пуки ја направи во петокот. Анчевски беше главен осомничен за измачување и нечовечно постапување при апсењето на Љубе Бошкоски и главниот лик во акционата драма на видеоснимката од тоа апсење.
