ДИК: Висока излезност до 13 часот, гласале 35% од граѓаните
До 13 часот на локалните избори во Македонија на гласање излегле 554.883 лица или 34,87 отсто од вкупното гласачко тело. Како што соопшти Државната изборна комисија, ова се резултатите од 2.852 избирачки места или 95, 8%.
Највисока излезеност има во Вевчани 60,52 отсто, а најмала во Босилово околу 21 отсто. Според последните податоци во Скопје до 13 часот гласале околу 123 033 илјади гласачи или 31,21 отсто од обработени податоци од 89 избирачки места.
Најголема излезеност во скопските општини има во Карпош 34,47 проценти, а најмала во Шуто Оризари 25,20. Во Центар одѕивот е 34,20 отсто, во Аеродром 33,4, во Бутел 29,67, Гази Баба 29,48, Ѓорче Петров 30,35, Кисела Вода 33,20 и во Чаир 25,80 отсто.
Слично
