Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДИК утре ја почнува теренската проверка на спорните гласачи

ДИК утре ја почнува теренската проверка на спорните гласачи

Државната изборна комисија по неколку одложувања, за утре најави дека ќе ја почне теренската проверка на Избирачкиот список.

Претседателот на Комиијата, Александар Чичаковски, денеска ја посети подрачната единица на општина Центар да провери до каде се подготовките и е убеден дека ќе се запазат законските рокови.

Тој додаде дека обуката за анкетарите е завршена и оти крајот на денот би требало да им биде доставен и материјалот за утрешната теренска проверка.

Се уште не е решено дали ќе се проверуваат 124-те илјади гласачи, кои првично беа прогласени за спорни, но потоа беше одлучено да не бидат предмет на теренска проверка.

Слично

Поврзани вести