ДИК уште не се изјаснува: До каде е чистењето на Избирачкиот список?
Се чека денеска ДИК да каже до каде е работата и дали е при крај прочитувањето на Избирачкиот список.
Вчера комисијата го усвои извештајот за прогресот на теренските и административните проверки на избирачкиот список, за кој гласаа членовите на комисијата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и на ДПА, како и експертите, а против гласа членовите предложени од СДСМ.
Членовите на СДСМ велат дека ДИК се уште е далеку од завршување на работата бидејќи за уште многу граѓани податоците не се ажурирани, но членовите од владеачката партија укажуваат дека сите податоци досега се проверувани по три основи: лична карта, патна исправа и нивна вкрстена проверка.
Денеска комисијата го разгледува извештајот од МВР за прегледаните податоци кој треба и да се изгласа, па ДИК да се изјаснидали избирачкиот список ќе биде чист за изборите на 5 јуни.
Останува и да се проверат во МВР 106.000 граѓани за кои е несомнено дека постојат, но трајно или привремено се надвор од земјата, за да се утврди каде ќе гласаат.
Да напоменме дека претседателот на Собранието пред неколку часа ги распиша изборите, без изнесени податоци од ДИК дали ќе има време до тогаш да се среди Избирачкиот список.
