ДИК:Теренските проверки се во завршна фаза
Теренските проверки на гласачи во сите подрачни одделенија се во завршна фаза, соопштуваат од Државната изборна комисија.
Над 550 анкетари во 80 општини во државата, континуирано работат во периодот од 8.30 до 19 часот. ДИК работи на внесување и обработка на податоците од анкетните прашалници во единствената електронска апликација. Се прават напори сите податоци да бидат на време внесени и обработени.
Сите членови на ДИК и нејзината стручна служба се ангажирани за теренските проверки навреме да бидат завршени. Информациите кои се појавија во определени медиуми, а кои се однесуваат на наводно намерно кочење на процесот на теренски проверки, се невистинити, објаснуваат од ДИК.
Слично
