Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДИК со полни раце работа, доставени 1500 пријави од граѓани

ДИК со полни раце работа, доставени 1500 пријави од граѓани
Неофицијално заклучно со вчера во ДИК се пристигнати 1.500 пријави од граѓани, за проблеми и грешки кои ги откриле во избирачкиот список. Овие пријави стручните служби и членовите на ДИК же треба од денеска па натаму да ги разгледуваат. Неофицијално за неколку дена треба да има првични информации за спорните гласачи. За овие избирачи ќе се бараат информации од институциите, а членовите на ДИК ќе решаваат за кои случаи ќе следи теренска проверка. Се проценува дека теренска проверка ќе има за 100.000 до 500.000 гласачи. Од ДИК не ги коментираат последните информации кои се проширија во јавноста, по увидот на граѓаните во избирачкиот список, објавен на апликацијата на нивната интернет-страница.  
Слично

Поврзани вести