Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДИК потврди, ќе има втор круг за Центар

ДИК потврди, ќе има втор круг за Центар
На официјалната веб страна Државната изборна комисија ги објави резултатите од гласањето на локалните избори за општина Центар и потврди дека овде ќе се гласа повторно за две недели. Според ДИК,  Андреј Жерновски има 49,18 % од гласовите, додека Владимир Тодоровиќ- 44,04 % од гласовите. Освен тоа, има 1.401 неважечко ливче или 5 % од вкупниот број на гласови. Претходно се огласија и двајцата кандидати. Жерновски обвинува за местенки „Гласовите  од шест  избирачки места во Центар, три дена патуваат во Центар. Ова е доказ дека власта сака да ги лажира  изборите,“ соопшти  опозицискиот кандидат Андреј Жерновски откако повеќе од 40 часа, општинска изборна комисија не успеа да ги преброи гласовите во општината. Тодоровиќ најавува победа во втор круг „Жерновски се плаши од соочување со народот во втор круг. Самиот факт што тој се одлучи да лаже за работи кои се лесно проверливи и достапни за јавноста и медиумите, говори за тоа дека тој се плаши дека ќе ги изгуби изборите, рече денес кандидатот за градоначалник на општина Центар од владејачката коалиција“, изјави Владимир Тодоровиќ.
Слично

Поврзани вести