Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДИК посегна по победата на Заев:Ова е газење по честа на сите струмичани!

ДИК посегна по победата на Заев:Ова е газење по честа на сите струмичани!
Сеуште останува неизвесна победата на актуелниот градоначалник на Струмица, Зоран Заев откако Државната изборна комисија пресече дека ќе има прегласување на првиот круг од локалните избори во општината на три изборни места. Мнозинството членови на ДИК одлулија да се поништи гласањето на избирачките места 1730 и 1734, како и на избирачкото место 1727. Вкупниот број на гласачи во овие три места е 3.255, од кои на локалните избори во неделата гласале 2.553 граѓани. Притао 1.436 граѓани гласале за Зоран Заев, а 1.034 за Васил Пишев. Прегласувањето ќе биде на 7 април и од него ќе зависи дали во Струмица ќе има втор круг. Струмичкиот градоначалник кој се бори за трет мандат од граѓаните, по прифаќањето на приговорите на ВМРО-ДПМНЕ за Струмица од страна на ДИК, истакна дека е направена голема неправда. „Слушна и виде цела Македонија, ама слушна и виде и Струмица, како се одлучуваше во ДИК и каква одлука се донесе за Струмица. Ова го нема никаде во светот, ова е невидена работа. Поголема дрскост и безобразлук не постои. На кукавички и вулгарен начин, имаат намера да го нападнат цензусот за мојата победа во првиот круг. Значи за цензусот се работи, бидејќи се многу далеку од победата. Прифатени се трите преговори на ВМРО–ДПМНЕ за Струмица, а 400 такви и поголеми во цела Македонија се одбиени. Почитуваниот Управен Суд сега е на ред да се изјасни, ќе ја почекаме одлуката“, рече Заев. Ваквата одлука тој ја нарече газење на честа по сите струмичани и валкан удар врз цела Македонија. „Убеден сум дека прегласувањето на само трите избирачки места ќе ја зголеми уште повеќе победата. Сега граѓаните од трите избирачки места 1727, 1730 и 1734 ќе одлучуваат за цела Струмица, но ќе одлучуваат и за достоинството и образот на Република Македонија. Очекувам многу поголема разлика на овие три гласачки места од претходната разлика. Со тоа ќе докажеме дека Струмица е островот на слободата во цела Македонија која буквално е поробена од оваа власт,“рече Заев.  
Слично

Поврзани вести