Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДИК: Помала излезност на гласачите во вториот круг

ДИК: Помала излезност на гласачите во вториот круг

 До 17 часот на гласање излегле 46,75 проценти од евидентираните гласачи на ниво на Република Македонија, соопшти Државната изборна комисија. Во Скопје пак, правото на глас го искористиле 37,43 проценти или 162.285 лица.

Од ДИК посочија дека излезноста во вториот круг е помала, со оглед на тоа што пред две седмици во истиот периoд до 17 часот на ниво на државата имаа гласано 57,53 отсто, а во градот Скопје 53,13 проценти.

Најголема излезност има во општина Лозово од 78,57 проценти, најмала е излезноста во скопската општина Сарај или 13,30 проценти.

Според портпаролот на ДИК Билјана Јовановска, приговори  во однос на процесот на гласање има пристигнато до ДИК, но за нив ќе информираат на полноќната прес-конференција. Исто така засега се воздржуваат од коментар за оценка за процесот на гласање во вториот круг.

Слично

Поврзани вести