ДИК ПОЧНУВА СО ТЕСТИРАЊЕ: Ќе се прочисти ли списокот до 24 април?
Засега е неизвесно дали Државната изборна комисија ќе успее да го прочисти Избирачкиот список до 24 април, со оглед на тоа што денеска почнува со тестирање а веќе утре стартува вкрстувањето на податоците.
Како што е познато од вкупно 13 институции ДИК ќе ги вкрстува податоците и ќе прави проверки на различни бази и евиденции.
Засега како институции од кои ќе се прави вкрстувањето се споменуваат УЈП, ФЗО, Фондот за пензиско, НБРМ, МВР, ДЗС, потоа Катастар за недвижнини, Водовод и канализација, општините и слично, а процедурата ќе трае неколку дена најверојатно ќе трае неколку дена.
После вкрстувањето ќе почне теренската проверка.
Во моментов во избирачкиот список се запишани 1.804.000 гласачи, но по прочистувањето веројатно е дека тој број ќе се намали и ќе се знае вистинската бројка.
ДИК ќе има клучна улога и во извештајот дали ќе има или не предвремени парламентарни избори
За датумот на одржување на предвремените избори, еврокомесарот за проширување Хан засега е без одговор.
Тој вели дека се зависи од оценката на меѓународните институции и на Државната изборна комисија, колку ќе има услови за одржување на избори тие ќе донесат одлука.
Можно е сепак Хан целата работа да ја остави на амбасадорите Аиво Орав и Џес Бејли и тие да соопштат дали се исполнети условите за одржување на фер и демократски избори.
Во дел од медиумите се појавија и шпекулации дека е можно лидерите на партиите потписнички на договорот од Пржино да бидат повикани на разговори во Брисел со цел Хан да не влезе во нов вртлог на политички преговори. Оваа можност не ја исклучува ниту дописникот на МИА од Брисел.
ДИК ќе добие 50 возила од Владата за спремање на изборниот процес
За подготвка на изборите ДИК ќе добие 50 автомобили од Владата кои ќе им бидат на располагање за потребите поврзани со подготовка на изборите.
Покрај возилата, ДИК ќе добие и нови канцеларии кои ќе бидат целосно технички опремени за да има висок степен на безбедносна заштита и во кои ќе се чуваат сите материјали поврзани со претстојните избори.
