Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДИК одржува средба за целосна проверка на спорните гласачи

ДИК одржува средба за целосна проверка на спорните гласачи

Државната изборна комисија денеска одржува редовна работна средба за целосната проверка на спорните гласачи од избирачкиот список.

Лидерот на СДСМ,  Зоран Заев синоќа најави бојкот на изборите на 5 јуни, а истовремено и разговори со членовите од Комисијата од СДСМ за да решат дали и тие, како и техничките министри, ќе бидат повлечени.

„Утре имаме состанок со нив уште еднаш да ги видиме сите аргументи и факти. Ние ја следевме јавната седница. Знам дека понатаму продолжуваат контактите, комуникациите и слично. Ќе ги видиме сите факти и аргументи кои се на располагање и секако една од поизвесните одлуки е нивно повлекување, но штом ќе ја донесеме одлуката веднаш ќе ве информираме“- рече  Заев.

Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски вчера изјави дека нема да стави потпис на избирачкиот список ако има дури и само еден спорен гласач.

Слично

Поврзани вести