ДИК одлучи дека се создадени услови за избори на 5 јуни
ДИК вечерва без гласовите на претседателот и членовите од СДСМ, одлучи дека се создадени услови за одржување на избори на 5 јуни.
Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски ја напушти седницата пред да почне гласањето за тоа дали има технички услови за одржување на фер избори, а истото го направија и членовите на СДСМ,Виолета Дума и Игор Милев.
Чичаковски смета дека нема услови за одржување на фер избори, поради прочистувањето на избирачкиот список.
Спикерот Трајко Вељановски денеска без да ја консултира ДИК ги распиша изборите и тие ќе се одржат на 5 јуни.
Слично
