ДИК нема да прави теренска проверка на пријавените неправилности од граѓаните
ДИК одби пријавите на граѓаните да влезат во упатството за теренска проверка на избирачкиот список откако денеска беше усвоено упатството како ќе се прави проверката.
Игор Милев од опозицијата и Бедредин Ибраими од ДПА беа одбиени при барањето да се земе предвид теренска проверка и по пријавените неправилности на граѓаните.
Ибраими го поддржа предлогот на Милев, меѓутоа со услов граѓаните со пријавата задолжително да достават и документација која ќе послужи како доказ.
Членовите веќе неколку часа дискутираат дали пријавите на граѓаните да се третираат како барања или по службена должност.
Се очкеува наредната недела да излезат и првите резултати од вкрстените проверки.
Слично
