ДИК: Кредибилни избори и прочистен список до 24 април е невозможно!
Технички изборите може да се спроведат, но проверка и пречистен Избирачки список кои се одговорни за довербата е невозможно до 24 април. Ова е ставот на претседателот на ДИК Александар Чичаковски.
Тој оваа изјава ја сподели денеска со медиумите и претставниците на преговарачките тимови во Клубот на пратеници.
Чичаковски ги информирал партиите за оценките кои ДИК ги заклучила во врска со прочистувањето на Избирачкиот список.
Тој прецизирал дека за да има доверба во ИС на ДИК потребни се најмалку четири месеци.
Истиот став дека за кредибилни избори е потребно време.
„Очигледно е дека не треба да се држиме до роковите. Она што е потребно е да се обезбедат прво сите услови за пречистување на Избирачкиот список за да има кредибилни избори“, изјавил Ван Хауте.
Тензично завршила денешната средба на преговарачките тимови.
