ДИК ќе мора да ги помине изборите со 7 милиони евра
Наместо побараните осум милиони евра, Државната изборна комисија ќе мора со седум милиони евра да ги покрие изборните трошоци и за претседателските и за предвремените парламентарни избори.
Толку пари Министерството за финансии и одобри на ДИК за организација на изборните активности. Комисијата пред два дена добила допис од Министерството за финансии во кој се наведува дека се одобрени овие пари и оти Владата ќе обезбеди дополнителни средства подоцна ако има потреба.
Првично во Буџетот беа планирани околу 4 милиони евра за изборните активности, но оваа сума не беше доволна ниту за претседателските, ниту за предвремените парламентарни избори, па ДИК во два наврата бараше зголемување.
Слично
