ДИК ќе реши што понатаму со 40.000 гласачи кои не се најдени дома
Државната изборна комисија завршила со внесување и обработка на податоците од теренската проверка на спорни гласачи.
Не се знае за колку од 87.0000 гласачи се потврдил сомнежот дека неосновано се наоѓаат во избирачкиот список. На работен состанок членовите на комисијата утврдуваат како ќе се постапува со оние 40.000 граѓани кои не се најдени дома за време на проверката. Се чека МВР да ги заврши дополнителните проверки за гласачите за кои има сомневање во врска со издавање лични карти и пасоши.
Ќе бидат избришани 1129 гласачи за кои се утврдило дека се починати, а ги има во списокот за гласање. Во меѓувреме првите луѓе на ДИК одржуваат средби со претставниците на меѓународната заедница, а вчера имаа консултации и со претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, за изборните активности. Претседателот на комисијата, Александар Чичаковски останува на ставот дека не може да се прогнозира кога ќе заврши прочистувањето на избирачкиот список.
