ДИК ќе прави дополнителни контроли, бројот на спорни гласачи непознат
Државната изборна комисија ќе спроведе дополнителни контролни тестови на дел од прашањата опфатени со проверките.
Оваа одлука ДИК ја донесе по првичното разгледување на извештајот, од спроведувањето на вкрстените проверки на базите на податоци од повеќе институции. Прецизно не е наведено зошто е потребно да се прават дополнителни проверки, ниту колкав е бројот на спорните гласачи според извештајот од вкрстената анализа која е спроведена.
По реализирањето на овие контролни тестови, ДИК ќе закаже нова седница за усвојување на извештајот од вкрстените проверки.
Вкрстената анализа почна кон крајот на февруари и беше најавено дека ќе заврши за 7 до 10 дена. Поминаа повеќе од две седмици, но сè уште нема резултати колкав е бројот на спорни гласачи во избирачкиот список.
Слично
