Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДИК ќе побара измени на Изборниот законик

ДИК ќе побара измени на Изборниот законик

Државната изборна комисија бара одложување на изборите поради несразмерност на бројот на гласови во изборните единици.

ДИК ќе побара од спикерот Трајко Вељаноски измени во Изборниот законик, поради несразмерност. Бројот на избирачи во шестата изборна единица е многу поголем од бројот на гласачи од изборните единици еден и два. Во согласност со Законот за избори, бројот на избирачи во сите шест изборни единици треба да биде приближно ист. Бројот на гласачи не смее да отстапува со повеќе од 5% помеѓу две изборни единици.

ДИК денеска одлучи дека нема услови за одржување на избори во дијаспората. Причината е што се пријавиле само 5.343 гласачи, а се потребни минимум  6.500 гласачи.

Слично

Поврзани вести