ДИК ќе добие 50 возила од Владата за спремање на изборниот процес
За подготвка на изборите ДИК ќе добие 50 автомобили од Владата кои ќе им бидат на располагање за потребите поврзани со подготовка на изборите.
Покрај возилата, ДИК ќе добие и нови канцеларии кои ќе бидат целосно технички опремени за да има висок степен на безбедносна заштита и во кои ќе се чуваат сите материјали поврзани со претстојните избори.
Од кабинетот на владата, како што пренесуваат медиумите, институциите добиле задача да ги префрлат податоците од регистрите и базите на податоци со кои располагаат, за да се ажурира избирачкиот список.
Слично
