ДИК ја презакажа седницата по објавувањето на утрешната „бомба“
Државната изборна комисија ја презакажа седницата по утрешната „бомба“ на која ќе заземе официјален став по објавувањето на изборните „бомби“ од страна на лидерот на опозицијата, Зоран Заев
Актуелниот претседател на ДИК, Никола Рилковски изјавил дека нема да ги игнорира информациите што ги објавува опозицијата, а се однесуваат на изборните нерегуларности, но став и како гласач и како претседател на ДИК ќе заземе по утрешната најавена прес конференција на СДСМ, кои најавиле дека ќе ги соопштат најскандалозните информации што ги имаат на тема избори.
За да се утврди дали во целост бил нарушен изборниот процес, според членовите на ДИК, треба да се направи поширока анализа.
Слично
