Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДИК: Излезноста до 17 часот е 57,57 %

ДИК: Излезноста до 17 часот е 57,57 %

До 17 часот на локалните избори во Македонија на гласање излегле  57,57 % од граѓаните, соопшти на прес-конференција потпретседателот на ДИК Субхи Јакупи.

Излезноста во Скопје изнесува 53,08 отсто, а највисока е во Карпош. Споредено со претходните локални кога излезноста до 17 часот беше 48,73 отсто, одзивот на гласачите на овие избори е повисок, потврди ДИК.

Меѓу општините со најголема излезеност се Кичево,  Пехчево, Ранковце и Зелениково. Според потпретседателот Јакупи, изборите минуваат мирно, демократски и во духот на Изборниот законик.  
Слично

Поврзани вести