ДИК: Излезноста до 10 часот е 7,56 отсто, проблеми забележани во Кочани
Излезеноста на граѓаните во вториот круг од локалните избори до 10 часот изнесува 7,56 отсто или 78.849 глсачи. Во Скопје гласале 7,14 отсто односно 28.636 граѓани, соопштија од Државната изаборна комисија (ДИК). Овие податоци се однесуваат на обработени 94, 73 отсто од гласачките места.
Според портпаролката на ДИК Билјана Јовановска, најголема излезеност до 10 часот има во Струмица 14,47 проценти, Лозово 14,32, Дебар 14,14, Берово 12,08, Велес 9,48.
Најмала излезност пак има во Тетово каде што гласале само 4,43 отсто избирачите.
Од скопските општини најголема излезеност до 10 часот има во Ѓорче Петров 11,39 отсто, во општината Центар 11,15% , Карпош 7,45%, Бутел со 6,25%, Гази Баба со 5,79%, Чаир со 5% и Шуто Оризари каде излегле 4,16% од гласачите.
Според Јовановска, сите гласачки места се отворени навреме, а помали пропусти имало во пет избирачки места во Кочани, но по отстранување на пропустите гласањето се одвива нормално.
Слично
