ДИК избра нов генерален секретар-Еве кој!
Добре Јанчев кој доаѓа од местото државен советник за едукација, правна и меѓународна соработка во ДИК вчера беше изберен за нов генерален секретар на Државната изборна комисија.
Гласањето се одвиваше јавно, а Јанчев оваа функција ќе ја извршува во следните пет години.
Генералниот секретар на ДИК ќе ја има најзначајна функција бидејќи тој ќе раководи со ИТ секторот на Изборната комисија во чија надлежност ќе биде водењето на избирачкиот список, како и стручната служба која ќе треба да подготвува информации за темите што ќе се дискутираат на седниците на ДИК.
За претседател на Комисијата беше избран Александар Чичаковски, за потпретседател Реџеп Прекопуца, двајцата од редовите на експертите.Членови на Комисијата се Атанас Урумов, исто така од редот на експертите, Силвана Бонева и Сашо Срцев на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, Виолета Дума и Игор Милев на предлог на СДСМ, Субхи Јакупи од ДУИ и Бедередин Ибраими на предлог на ДПА.
Со договорот од Пржино е предвидено ДИК како тело да има поголеми ингеренции и надлежности во однос на Избирачкиот список.
