ДИК: Иванов – 81.562 гласа, Пендаровски – 55.817 гласа
Државната изборна комисија на својата интернет страница започна да ги објавува резултатите од првиот круг на претседателските избори. До 20:45 часот се преброени гласовите од 31,24% од избирачките места.
Според нив, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов освоил 81.562 гласа или 50,56% од гласовите, кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски освоил 55.817 гласа или 34,60% од гласовите, кандидатот на ДПА Илјаз Халими освоил 14.034 гласа или 8,70% од гласовите, а кандидатот на ГРОМ Зоран Поповски освоил 5.802 гласа или 3,60% од гласовите.
Резултатите се менуваат секој момент, а и самите можете да ги проверите ТУКА.
Слично
